Димитриевски со божиќна честитка до граѓаните

Градоначалникот Максим Димитриевски им ги честита божиќните празници на граѓаните на Куманово.

Во честитката, меѓу другото се вели: Со верба и надеж за посреќна иднина и просперитет, го прославуваме Христовото раѓање, сплотени сите заедно, без оглед на верска и национална припадност. Семејните традиционални вредности ни даваат енергија и поттик да чекориме по патеката на хуманоста и добрината.
Со благослов од Бога и искрена верба во иднината, ви го честитам големиот христијански празник Божиќ! , стои во честитката.

Коментари

коментар(и)