Пешак загина во сообраќајна несреќа во Карпош

Кумановец загинал вчеравечер во сообраќајна несреќа на магистралниот пат Куманово – Крива Паланка во населба Карпош, во близина на т.н. Салон.

СВР Куманово соопшти дека во 20.10 часот било пријавено дека патничко моторно возило „ауди”, управувано од 22-годишен жител на село Добрача, општина Старо Нагоричане, удрило во 59- годишен кумановец.  Во несреќата пешакот починал на самото место. Полицијата работи на целосно расчистување на случајот.

Коментари

коментар(и)