Полициски службеници од СВР Куманово синоќа лишиле од слобода 31-годишен кумановец. Тој се сомничи дека од куќа во местото викано „ Бавчи“ во Куманово одзел предмети. Крадецот бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.