Полициски службеници од СВР Куманово вчера околу 16 часот лишиле од слобода 28-годишен кумановец. Тој се сомничи дека на 09.01.2024 година во угостителски објект на булеварот „ Октомвриска револуција“ во Куманово влегол со употреба на сила и одзел пари. Крадецот бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.