ВИДЕО: И жителите на Шупли камен реагираат на закопувањето на свињите

Ниту жителите на кумановското село  Шупли Камен не ги сакаат угинатите свињи во атарот на нивното село. Тие вчера побараа од надлежните да се направи соодветна дезинфекција бидејќи стравуваат од ширење на болеста и меѓу свињите во нивните одгледувалишта. Претходно, жителите на Речица реагираа исто, а имаше и судир со полицијата. Ветеринарите уверуваат дека болеста не е заразна за луѓето и апелираат дека е потребна соработка на сите за да се сузбие. Според законите, општината предлага локации кои пак ги одобрува Агенцијата за храна и ветеринарство.