Измамен кумановец за огревно дрво

СВР Куманово информира дека денеска во 13.00 часот,  58- годишен маж од Куманово пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 6 000 денари. Според пријавеното, лицето му  понудило огревни дрва и откако се договориле, се упатиле на местото каде наводно биле складирани. Како што е пријавено, откако пристигнале лицето му кажало дека ќе оди да ги донесе дрвата, но дошло кај неговата сопруга  и ѝ кажало дека нејзиниот сопруг рекол да му ги даде парите. Подоцна  нејзиниот сопруг се вратил без дрва, по што сфатиле дека се измамени. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.