Без електрична енергија утре привремено ќе останат делови на Куманово и Липково, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.
Според РЦУК, во периодот од 08:00 до 12:00 часот прекини ќе има кај корисниците од улицата „11 Октомври“, како и Шпаркасе банка, а во периодот од 09:00 до 14:00 часот прекини се најавени за корисниците кои што гравитираат на патниот правец од село Опае до село Оризаре, како и објектите на потегот од село Опае кон село Слупчане во општина Липково.
Станува збор за најавени прекини од страна на ЕВН Македонија поради интервенции на дистрибутивната мрежа, информираат од Региналниот центар за управување со кризи.