Триесетина ученици од општинските основни училишта и годинава беа дел од Детскиот ликовен камп „АСНОМ” кој традиционално се одржува во ресторан „Грација”. Покрај основците, во изработка на ликовните дела беа вклучени и корисници на Дневниот центар за лица со интелектуална попреченост „ Порака наша“. Учесниците на 14-от ликовен камп работеа во три техники, конкретно сликарство, монотипија и дизајн во област на популарна уметност, под менторство на две професорки по ликовно образование.
Кампот е во организација на Фондацијата за култура и спорт „Куманово”, со поддршка од Градоначалникот и Советот на општина Куманово.
Детскиот ликовен камп традиционално завршува со изложба на настанатите дела и врачување благодарници на учениците и покровителите на културната манифестација.