УХМР со апел за внимание во повеќе региони
По најавите за врнежи на целата територија од државата, од УХМР предупредуваат дека во текот на вечерните и ноќните часови ќе има потреба од внимателност во повеќе региони, скопскиот, кумановскиот, паланечкиот, кратовскиот, кочанскиот, како и внимателно движење покрај помалите реки и суводолиците и места каде има опасност од одрони и свлечишта.
-Соодветно најавата на синоптичарите дека во текот на ноќта на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи и дека локално ќе има невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и град, во Секторот хидрологија ги анализиравме резултатите од достапните модели и дојдовме до заклучок дека доколку процесите бидат интензивни и доколку на одредени места локално за кратко време навранат поголеми количини на дожд можно е да дојде до забрзано истекување на вода по падините, малите реки и суводолиците, а на одредени локации можно е да се јават локални проблеми, се вели во соопштението од УХМР.
Попладнево и во текот на ноќта на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално ќе има невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер (над 70 km/h) и појава на град. Максималната температура ќе биде во интервал од 27 до 35 степени.