Се степале татко и син, со повреди завршиле во болница
Татко и син од кумановско со повреди денеска завршиле во болница по меѓусебна физичка пресметка.
Според СВР Куманово, на 03.07.2024 година во 10.40 часот било пријавено дека во населбата Иго Тричковиќ бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу татко и син, во која бил употребен и остар предмет. Двајцата со повреди биле пренесени во Општа болница Куманово.
Од кумановската болница информираат дека едниот од повредените поради сериозноста на повредите е транспортиран на една од скопските клиники.
„Полициските службеници се на терен и се преземаат мерки за расчистување на случајот“, информираат надлежните.