Кумановец физички нападнат во село Орашац

Триесетгодишен кумановец вчера поднел пријава за физички напад.

– На 03.07.2024 година во 11.00 часот во СВР Куманово, С.М. (30) пријавил дека во село Орашац, кумановско, бил физички нападнат од едно лице, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Полицијата презема  мерки за расчистување на случајот.