Интензивно се реконструира спортската сала

Интензивно се работи на целосна реконструкција на спортската сала согласно ФИБА стандарди. Партерно се уредува спортската сала во Куманово, како и трибините во овој спортски објект, информираат надежните.

Со реконструкцијата предвидено е да се работи на борилиштето, боксерската сала веќе е завршена, а ќе следува реконструкција на санитариите, одводот, водовод, санитарни јазли. Проблемите со кровната конструкција се надминати, се работи на осветлување и целосна замена на електриката во салата. Согласно проектната документација целосната реконструкција на спортската сала според проектот којшто е направен пред околу четири години изнесува 6, 5 милиони евра. Спортската сала во Куманово веќе извесен период етапно се реконструира.

Надлежните очекуваат нејзино официјално пуштање во употреба на 11 Ноември годинава.