Активен е пожарот во село Малотино во општина Старо Нагоричане
Пожарот во село Малотино, општина Старо Нагоричане се уште е активен заради непристапноста на теренот за гаснење, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи. За денеска најавено е гаснење на пожарот со хеликоптер. На терен интервенираат екипи на ТППЕ од Старо Нагоричане, ЈП „Национални шуми“, а со свои тимови помага и ЈП„ „Национални шуми“ од Крива Паланка.