Целосна забрана за движење во шуми

Општина Куманово ги известува граѓаните дека со одлука на Владата на РСМ е прогласена кризна состојба, поради топлотен бран и појава на пожари. Донесена е одлука за целосна забрана за движење во шуми во период од 00-24 часот, поради што најстрого се забранува движење во шуми во период на забраната. За лица кои ќе бидат затекнати во овој период, следуваат парични казни во вредност од 1500 до 2000 евра. Се забранува палење на стрништа, сува трева, оган на отворен простор, скара, фрлање на отпушок и сл.
Лицето кое ќе предизвика пожар со палење е сторител на кривично дело – предизвикување на општа опасност по чл. 288 и чл. 289 од Кривичен законик. Угостителските објекти и сите оние кои прават семејни веселби, сунети, веридби и свадби, должни се да ги предупредат организаторите на семејните веселби за најстрога употреба на огнено оружје.
Лицата кои ќе употребат огнено оружје, сносат кривична одговорност, односно ќе се квалификуваат како сторители на кривично дело – предизвикување на општа опасност од Кривичен законик.

СВР Куманово
Отсек за превенција
ЈП Национални шуми – Куманово