Украдена спортска опрема од ФК „Карпош“

СВР Куманово информира дека вчеравечер во 22.50 часот во СВР Куманово, Д.М.(42) од Куманово пријавил дека во објект на фудбалски клуб во населбата „Карпош“ во Куманово било влезено со употреба на сила и била одземена спортска опрема.

СВР Куманово презема мерки за расчистување на случајот.