Тешко повреден 18-годишен возач и двajцa малолетни сопатници во сообраќајка во кумановско. Во СВР Куманово вчеравечер било пријавено дека на локалниот пат од с.Ропаљце кон село с.Никуштак, липковско, патничко возило „нисан“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од 18-годишен жител на с.Ропаљце, излетало надвор од коловозот. Во незгодата возачот се здобил со тешки телесни повреди, додека двајца малолетни сопатници се здобиле со телесни повреди, констатирани во болницата во Куманово.
Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа од СВР Куманово.