Осветена црквата „Св. Ѓоргија“ во село Клечовце
Во кумановското село Клечовце вчера беше осветена црквата „Свети Ѓорѓија“. Осветувањето го изврши митрополитот кумановско-осоговски Григориј.

Изминатата година и пол хумани луѓе и компании донираа градежен материјал и финансиски средства за да се изгради овој верски објект.
