Вонредна крводарителска акција во Куманово

Црвен крст Куманово организира вонредна крводарителска акција в среда во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“.

– Ве повикуваме заеднички преку највисокиот чин на хуманоста – крводарувањето, да ги зајакнеме резервите на крвни единици, кои периодов бележат надолен тренд и опасност од недостаток на одредени крвни групи. Ги охрабруваме сите здрави и подобни лица кои ги исполнуваат условите за крводарување да даруваат крв со цел да се одржи адекватното снабдување со крв, пишува во повикот на Црвениот крст.

Крводарителската акција  ќе се реализира на 14.08.2024 година (среда) во НУЦК „Трајко Прокопиев“ од 09 до 15 часот.