Заталкан куршум оштетил автомобил паркиран пред семеен дом

Заталкан куршум оштетил моторно возило на 25-годишен кумановец, кое било паркирано пред семејниот дом во населбата Перо Чичо.

СВР Куманово информира дека вчера по 15 часот во полицијата било пријавено дека од заталкано зрно од огнено оружје било оштетено патничко моторно возило, кое било паркирано пред семејната куќа на улицата „Руѓер Бошковиќ“.

Екипа од СВР Куманово извршила увид и се преземаат мерки за расчистување на случајот.