Леонид Петковски, ученик во средното техничко училиште „Наце Буѓони“ и Илина Арсовска од гимназијата „Гоце Делчев“ под менторство на професорите Марјан Спасиќ и Јасмина Денковска заедно со уште тројца учесници од Скопје успешно ја претставија Македонија на Светскиот натпревар „Microsoft Office Specialist 2024“, одржан на крајот од јули во Анахајм, Лос Анџелес. Станува збор за глобален натпревар кој ги тестира вештините на учесниците во Microsoft Word®, Excel® и PowerPoint®. Со учество на овој натпревар средношколците добиваат одлична можност да ги покажат своите вештини, да се забавуваат, но и да остават впечаток кај другите учесници, притоа стекнувајќи се со меѓународно признат сертификат и дигитален беџ кој дополнително им ги зголемува можностите за понатамошно вработување. Конкуренцијата била исклучителна со над 130 учесници од многу земји во светот, а најголем дел од нив доаѓале од азиските земји и Северна и Јужна Америка. Меѓу нив и нашите двајца средношколци Леонид и Илина.

За впечатоците и искуството од светскиот натпревар повеќе детали од изјавите на учесниците и нивните ментори во вестите во 18 и 22 часот.
