Варџиски: Издавање на извод од компјутерски запис на пријава /одјава од социјално осигурување

На порталот https://uslugi.gov.mk/ се достапни голем број од услугите кои се потребни на граѓаните. Заменик министерот за дигитална трансформација Радослав Варџиски денеска ја промовира електронската услуга за М1/М2 образец, односно секое лице кое е вработено (или било вработено) може да добие извод од компјутерскиот запис на пријавата/одјавата во/од социјално осигурување.

Истиот докумет (М1/М2) може да го добие и секој работодавач, само за лице кое е вработено (или било вработено) кај него.

Варџиски најавува дека наскоро ќе има и нови услуги и целосен редизајн на порталот за подобро корисничко искуство.