Стојановски: Инспекциските служби и полицијата можат да ги „решат“ дивите депонии
Директорот на јавното претпријатие „Чистота и зеленило“, Ненад Стојановски ги повика инспекциските служби и полицијата да ги преземат законските мерки во однос на дивите депонии кои секојдневно се појавуваат на различни локации и во централното градско подрачје, но и на периферијата.
Во однос на наплатата на сметките за ѓубрарина, Стојановски посочува дека речиси 90 проценти од граѓаните кои што се задолжени ги исполнуваат обврските.