Дизелот поскапува за половина денар

Регулаторната комисија за енергетика на денешната седница одлучи да ја зголеми малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) горивото за половина денар, а цената на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 не се менува. Одлуката стапува на сила на полноќ.