Опожарени две куќи и автомобили во текот на изминатото деноноќие
Две куќи и две возила биле опожарени во текот на изминатото деноноќие.
Според дневниот билтен на Регионалниот центар за управување со кризи, пожарникарите гаселе опожарени куќи во кумановските села Кшање и Облавце. Пожарот во Облавце претходниот ден бил изгаснат, но во текот на вчерашниот ден повторно се активирал.
Екипи на Територијалната противпожарна единица Куманово интервенирале и на запалени автомобили во липковското село Лојане и во кумановско Проевце.
Во село Доброшане пожарникарите гаселе опожарен електичен столб, а во Романовце интервенирале на опожарени кабли од електричен столб, пишува во дневниот билтен на РЦУК.