Во Уметничката галерија утревечер (21 август) со почеток во 20 часот ќе биде отворена ретроспективно-монографска изложба на Љубица Андреевска -Љупка од Кавадарци. На изложбата ќе бидат прикажани 51 уметнички дела на авторката.
Наивата, како посебен дел од уметноста е правецот во кој твори Андреевска.
Родена е 1934 година, а со наивното сликарство започнала да се занимава во 1970 година. Пред кумановската публика претходно е претставена на групна изложба во 2021 година, заедно со триесетина познати македонски уметници. Андреевска е меѓународно препознатлива со остварени повеќе самостојни и групни изложби и добиени признанија.
