-Денеска ФЗОМ ПС Куманово отстапи на трајно користење 86 инвалидски колички, кои ќе ни помогнат во пружање на континуирана, ефикасна и сеопфатна здравствена нега со цел да обезбедиме квалитететен и сигурен здравствен третман на нашите пациенти, изјави директорот на ЈЗУ Општа болница Куманово спец.д-р Стефан Трајановски.
Инвалидските колички ќе бидат распределени по одделенија зависно од потребите.
-Благодарност до ФЗОМ ПС Куманово и до раководителот Сашо Стошевски што излезе во пресрет на нашето барање, изјави Владимир Симоновски- главен мед.техничар во ЈЗУ Општа болница Куманово.
