Средните стручни училишта поатрактивни за учениците од гимназиското образование

Завршија уписите во средните училишта.

Во ОСТУ „Наце Буѓони“ за учебната 2024/25 година вкупно се запишани 201 ученици со настава на македонски јазик.

Во машинска струка во профилот -техничар за компјутерско управување запишани се 31 ученик, а во профилот – машинско енергетски техничар – 19 ученици.

Во електротехничката струка во профилот – електротехничар енергетичар запишани се 27 ученици, за профилот – електротехничар за компјутерска техника и автоматика  интерес пројавиле  61 ученик кои ќе бидат распоредени во две паралелки, а во профилот-  техничар за индустриска мехатроника запишани се 16  ученици.

Во здравствената струка – профил медицинска сестра се запишале 47 ученици, кои ќе бидат распределени во 2 паралелки, соопштија од техничкото училиште.

Во ДСУ- РЦСОО „Киро Бурназ“ во прва година се запишале вкупно 198 ученици (151 со настава на македонски јазик и 47 ученици со настава на албански јазик). Вкупната бројка на учениците во државното средно училиште изнесува 700, информира директорката Весна Трајковска.

Во СОУ „Перо Наков“  вкупно во сите струки запишани се 183 ученици, изјави директорката Мила Жибак Димковска.

Во Гимназијата „Гоце Делчев“ вкупно во сите образовни подрачја запишани се 167 ученици, информира директорката Марија Тодоровска.