Акцијата „Здравје за сите“ во село Костурник
Акцијата „Здравје за сите” поддржана од МЗ продолжува во интерес на жителите од руралните средини, информираат надлежните.
-Тимот составен од професионални патронажни сестри од Здравствен Дом Куманово денеска во село Костурник направи бесплатни превентивни прегледи- мерење на крвен притисок, контрола на шеќер и холестерол во крв и даде совети за одвикнување од пушење, земање на редовна терапија за време на високите температури и редовна контрола кај матичен лекар , соопштија од Здравствен дом Куманово.