Над два милиони денари загуба бележи ЈП „Куманово гас“ во вториот квартал од годинава

Загуба од речиси два ипол милиони денари покажува тримесечниот извештај за финансиско работење на ЈП „Куманово – гас“ – Куманово, од први април до 30 јуни годинава.

Според директорот Марко Митровски, загубата е заради намалена испорака на природниот гас бидејќи грејната сезона е завршена и вообичаено секоја година вториот и третиот квартал за финансиското работење на претпријатието покажуваат загуба.

Што се однесува до годишниот план за вработување во 2025 година, Митровски информираше дека еден вработен ќе замине во пензија заради што идната година тоа работно место ќе треба да биде пополнето, а останатите планирани вработувања се всушност резервни доколку има одлив на работници од ЈП „Куманово -гас“ од било кои причини.