Територијалната противпожарна единица Куманово во текот на изминатото деноноќие бележи три интервенции.
Според билтенот на Регионалниот центар за управување со кризи, на булеварот „Октомвриска револуција“ пожарникарите гаснеле опожарена сува трева и смет, во селото Никуштак интревенирале на запалена сува трева и стрниште, а кај местото викано Прмакови ниви, пожарникарите гаснеле опожарен автомобил.