Здружението за промоција на интелектуални, мултикултурни и спортски вредности – МОТУС од Куманово, преку својот Фото клуб – Мотус, во период од 05 до 19 септември 2024 год. во просториите на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово организира изложба на уметничка фотографија Ентомо-Фото-Фест. На изложбата ќе бидат изложени 30 колор макро фотографии на професионалниот фотограф Џеки Панхујзен од Белгија. Темата на изложбата е чудесниот свет на инсектите, нивниот биодиверзитет, меѓусебните интеракции, интеракциите со растенијата, животните и човекот, влијанието и значењето на инсектите во природата, но и за човекот.
Изложбата финансиски е поддржана од општина Куманово, преку програмата за поддршка на културни манифестации за 2024 година, а истата е под патронат на Фото Сојуз на Македонија.
Изложбата ќе биде отворена на 5 септември 2024 во 19:30 часот во просториите на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово.