Природно минералната вода од дел од чешмите во село Проевце се уште не е безбедна за пиење. Резултатите и од последните анализи на водата што ги направиле екипи од Центарот за јавно здравје Куманово повторно покажале присуство на истата бактерија.
„ Што се однесува до природно минералната вода за пиење од чешмите во село Проевце, на 22.08.2024 год.имавме позитивен резултат и тоа бактерија Pseudomonas aeruginosа, во големиот чеп и водата беше неисправна за пиење. После тоа земавме повторно вода за анализа и цевките ги обгоревме со пламен и повторно имавме присуство на истата бактерија. На 27.08.2024 год. земавме по трет пат вода за анализа од двата чепа, повторно се докажа присуство на истата бактерија. Со оглед на настанатата ситуација ние контактиравме со надлежните во општината и ги информирав што треба да се преземе за да се квалитетот на вода подобри. Наша препорака е водата да не се консумира за пиење, се додека не добиеме исправни резултати и апелираме до граѓаните да ја одржуваат хигиената околу чешмите“, изјави д-р Бедри Велиу, раководител на одделение за хигиена со здравствена екологија.