Најава за минирање на TU13 во близина на магистрален пат А2, Куманово – Крива Паланка

Во рамките на програмата за информирање на засегнати страни во реализацијата на проектот Изведба и завршување на преостанатите работи на втората делница, Бељаковце – Крива Паланка, како дел од проектот за Рехабилитација на железничкиот Коридор VIII, би сакале да Ве информираме дека на 04.09.2024, фирмата ГУЛЕРМАК АГИР САНАЈИ ИНШААТ ВЕ ТААХХУТ АНОНИМ ШИРКЕТИ Анкара – Подружница во Скопје (ГУЛЕРМАК) со МАКТЕК ДООЕЛ ќе реализира минирање во близина на магистралниот  пат А2 кој ги поврзува општините Куманово и Крива Паланка.

Подготовката за минирање ќе започне во 10 часот наутро. Првото минирање ќе биде во 12:00 часот, a второто во 22 часот навечер.

Нема да има  блокирање на сообраќајот заради безбедното растојание на кое ќе се врши минирањето. Им препорачуваме на локалните жители и транспортните возила на локалните компании во наведениот термин да бидат внимателни доколку поминуваат на овој дел од магистралниот пат.

За дополнителни информации Ве молиме контактирајте ја канцеларијата на Изведувачот, ГУЛЕРМАК АГИР САНАЈИ ИНШААТ ВЕ ТААХХУТ АНОНИМ ШИРКЕТИ Анкара – Подружница во Скопје (ГУЛЕРМАК)

Коментари

коментар(и)