Повик за учество на изложбата „ Кумановски графичари 2024 “

НУ Центар за култура „Трајко Прокопиев” – Куманово на 14 ноември годинава ќе организира изложба на графики „Кумановски графичари 2024” , и на истата учество можат да земат сите академски графичари кои живеат и работат на просторот на општина Куманово. Темата е слободна како и графичката техника која ја избира самиот партиципиент. Еден автор може да учествува со три графики (графички листови) кои треба да ги достави до НУ Центар за култура „Трајко Прокопиев” – Куманово во периодот  01.10.2024 г. – 25.10.2024 г. Листовите треба да се достават неопремени или опремени (по желба на авторот), а истите да не бидат поголеми од димензијата 100х70 сантиметри.

За сите подетални информации можете да се јавите на тел. 031/ 415-099. (одговорни лица за проектот: Роберт Цветковски, м-р Зоран Арсовски и Миранда Беќири – Фазлиу) .

 

 

Коментари

коментар(и)