И годинава саемските изложби „Органска трпеза“ и „АГРО МАК 2024“

Здруженијата „ЖИВОТ” и „Адут ГВН“ од Куманово, поддржани од Комората на органски производители – КОП, министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и општина Куманово, годинава организираат две паралелни саемски изложби.
Седмиот меѓународен саем на органски и традиционални производи „Органска трпеза 2024”  и третиот меѓународен саем за земјоделство, технологии, храна и преработки „АГРО МАК 2024”, ќе се одржат во спортско – рекреативниот комплекс (градски базен и спортска сала), во Куманово од 27-29.09. 2024 година, во периодот од 09-18 часот.
Настанот ќе биде збогатен со културно – уметничка програма (музички содржини, ревија, уметничко детско катче), кулинарски настан и меѓународен стручен натпревар на ученици од средните земјоделски училишта.
Во рамки на саемските случувања, ќе се одржи и работна средба на претставници на науката и бизнисот, со цел да се подготви конференција на тема „Органска и функционална храна – иднината на Македонија и регионот на Југоисточна Европа”.

 

 

Коментари

коментар(и)