Полицијата пронајде дрога кај осумнаесетгодишен кумановец

МВР соопшти дека денеска (04.09.2024) во 01.00 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Н.П.(18) од Куманово, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Коментари

коментар(и)