Нападнат жител на село Слупчане, семејно насилство во Крива Паланка

Секторот за внатрешни работи информира дека на 03.09.2024 год. во 17.50 часот во СВР Куманово, Ф.С.(37) од село Слупчане, липковско, пријавил дека во угостителски објект во централно градско подрачје бил физички нападнат од Е.А. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопштија надлежните.

СВР Куманово информира и за семејно насилство во Крива Паланка.

Според полицијата, на 03.09.2024 год. во 16.41 часот во ОВР Крива Паланка, 29 – годишна жена од кривопаланечко село пријавила дека била физички нападната од нејзиниот сопруг С.П. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопштија од СВР Куманово.

 

Коментари

коментар(и)