Пожарникарите повторно гаснеа стрништа, апелите од надлежните не допираат до несовесните граѓани

Повторно неколку интервенции на екипите на ТППЕ Куманово во текот на изминатото деноноќие. Пожарникарите гаснеле опожарена сува трева и стрниште покрај автопатот кон Табановце, односно во близина на бензинската станица Детоил, како и покрај автопат пред влезот во Куманово кај бензинската станица ИБ Петрол.

Интервенција имало и на ул.„Братство Единство“ кај автобуската станица на запален отпад, но и во населба Карпош каде што пожарникарите гаснеле опожарена сува трева.

ТППЕ од Старо Нагоричане интервенирала во село Никуљане  каде што имало опожарен смет.

Коментари

коментар(и)