Влада: 84.000 државни административци ќе добијат по 11.000 денари К-15

Иако претходната Влада не предвидела средства за исплата на К-15 во основниот буџет, со новиот ребаланс Владата обезбедува една милијарда денари за исплата на К-15 за вработените во администрацијата, велат во денешното соопштение од Владата на Република Македонија.

Со оваа одлука над 84 илјади вработени во државната администрација ќе добијат по 11 илјади денари К-15. Исплатата ќе биде најдоцна до декември оваа година.

Со тоа ќе се реализира уште една значајна поддршка за вработените.

Со овој пакет К-15 ќе бидат опфатени и вработените наставници во училиштата.

– На овој начин Владата покажува конкретна грижа за секој еден вработен во исполнување на нивните права, се вели во соопштението.

Коментари

коментар(и)