Приведени двајца кумановци за поседување марихуана
Полициски службеници од СВР Куманово вчеравечер околу 19 часот привеле 24 -годишен кумановец бидејќи кај него биле пронајдени и одземени марихуана и бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава.
Претходно, во 16 часот полицијата лишила од слобода и 29-годишен кумановец откако кај него била пронајдена и одземена марихуана. И против него ќе следува соодветна пријава, соопштија од СВР Куманово.