„Ноќта на танцот Таранта- ритамот и страста на Апулија” во Куманово

Општина Куманово преку Секторот за меѓународна соработка и евроинтеграции, стратешко планирање, креирање политики, следење и ЛЕР, ќе биде домаќин на значаен музички настан од Италија „Ноќта на танцот Таранта- ритамот и страста на Апулија”, согласно со Програмата од областа на културата на Италијанската амбасада во РСМ.

Музичкиот перформанс ќе се одржи на ден 17.09.2024 година (вторник) во големата  сала на НУ Центар за култура „Трајко Прокопиев” – Куманово, во 20.00 часот.