Презентирани се препораките од Извештајот за социјално мапирање во општина Куманово. Препораките ги презентираше проф. д-р Јадранка Денкова од Универзитетот „Гоце Делчев“- Штип, како претставник од Центарот за европска граѓанска иницијатива, кој е партнер за спроведување на социјалното мапирање. Социјалното мапирање на лицата со попреченост и други маргинализирани групи, кое беше извршено во периодот 2023-2024 година, е спроведено и поддржано од страна на НАЛАС-Мрежа на асоцијации на локалните власти на Југоисточна Европа, ГИЗ- Германско друштво за регионална соработка и ЗЕЛС-Заедница на единиците на локалната самоуправа на РСМ.
Целта е да ги утврди потребите на одредени категории граѓани и дефинирање на препораките, кои ќе бидат имплементирани од страна на општина Куманово.