Со температурните промени зголемен е бројот на повиците во Итна медицинска помош во Куманово. Дневно бројката достигнува и до 35 јавувања, а здравствена услуга најмногу бараат повозрасните пациенти со хронични болести, информира д-р Валентина Тодоровска Трајковска од Итна медицинска помош. Она што е забележливо во последно време е, се почесто претерано консумирање на алкохол од страна на малолетни лица кои што имаат потреба од медицинска помош, велат надлежните, апелирајќи до родителите повеќе да внимаваат на своите деца.
Повеќе на оваа тема ќе говори д-р Валентина Тодоровска Трајковска од Итна медицинска помош Куманово, во вестите во 18 и 22 часот.