Златен и бронзен медал за основците Каја и Жељко на Државно првенство во пливање

Каја Милевска од ООУ „Кочо Рацин“ освои прво место на 50 м. слободен стил, а Жељко Младеновски од ООУ „Браќа Миладиновци“  трето место на 50 м. градно, на Државниот натпревар во пливање за основни и средни училишта, кој деновиве се одржал во Скопје. Двајцата натпреварувачи од Куманово биле во категоријата до петто одделение, под менторство на професорите по физичко и здравствено образование Ненад Младеновски и Марија Митиќ.

Државното првенство во пливање за основни и средни училишта е во организација на Федерацијата на училишен спорт на Македонија во соработка со Општинскиот сојуз на училишен спорт на Аеродром, а се одржа во спортскиот центар „Борис Трајковски“.

Коментари

коментар(и)