Европска недела на мобилност се одбележува секоја година од 16 до 22 септември. Кампањата има за цел промовирање промена во однесувањето во корист на активна мобилност, јавен превоз и други посоодветни транспортни решенија.
Општина Куманово има изработено и усвоено од Советот, План за одржлива урбана мобилност во кој се предвидени повеќе мерки.
Мерката за зони на смирен сообраќај, нова пешачка зона и поттикнување за користење на алтернативни превозни средства покрај автомобилите се само дел од мерките, информира раководителката на Секторот за урбанизам во општина Куманово Емилија Сларидис – Јаневска.
Повеќе детали околу Планот за одржлива урбана мобилност во вестите во 18 и 22 часот.