Куманово беше домаќин на „Еуроспорт Куп 2024″

Изминатиот викенд, на фудбалскиот терен покрај Спортската Сала во Куманово и на Арената на ФК Еуроспорт Куманово се одигра меѓународниот фудбалски турнир „Еуроспорт Куп 2024″  за дечиња кои се во возрасната категорија и генерација 2012, 2014 и 2016 година.

Турнирот беше во организација на ФК Еуроспорт Куманово заедно со своите пријатели и спонзори на оваа спортска манифестација.

На крајот од турнирот во возрасната категоријата 2016 триумфираше тимот на Динамо Загреб од Хрватска пред македонскиот тим Овче Поле кој заврши втор, трета беше уште една македонска екипа Карев додека четвртопласиран заврши Осијек од Хрватска.

Динамо Загреб беше најдобар и кај дечињата во возрасната категорија 2014. Втор заврши хрватскиот Осијек, трет беше тимот на ЦСКА Софија додека четврти  Нови Таленти од Македонија.

Победник кај генерацијата 2012 година беше турскиот тим на Бешикташ кој во финалниот меч триумфираше над македонскиот тим на Форца.

Огромен успех оствари и ФК Куманово Еуроспорт во генерацијата 2012 каде го освоија одличното трето место на исклучително квалитетниот и силен фудбалски турнир каде во малото финале го совладаа српски Младеновац.