Во просториите на општина Куманово денеска се одржа состанок на Локалниот совет за превенција во соработка со Отсекот за превенција при Секторот за внатрешни работи Куманово. Претставници на институциите вклучени во Локалниот совет за превенција разговараа на повеќе теми и предлагаа начини како да се решат одредени проблеми со кои се соочува градот изминатите години. Надлежните се согласија дека треба со заеднички сили поактивно да делуваат на терен, односно почесто да организираат заеднички акции за постепено решавање на наталожените проблеми со сообраќајниот метеж во однос на непрописно паркираните возила, хаварисаните возила, питачењето, справувањето со аерозагадувњето, воведувањето на јавниот ред и мир.
Градоначалникот Максим Димитриевски предложи да се формираат работни тимови по областа на делувањето со кои ќе раководат координатори, а после две седмици повторно да се состанат и да ги споделат постигнатите резултати.
Началникот на СВР Куманово Никица Петрушевски во однос на патролите покрај училиштата, на состанокот информираше дека реоните покрај сите училишта се покриени со задолжителна патрола, а го најави и враќањето на маалски полицаец – позорникар, најверојатно по Нова година.
Подетално за денешниот состанок на Локалниот совет за превенција во вестите во 18 и 22 часот.