Опожарен стан во Куманово
Пожар избувнал вчера попладне во стан во зграда лоцирана на улицата „Среќко Пужаљка“ во Куманово.
Како што информираше Дејан Илиевски, командир на Територијалната противпожарна единица Куманово, пожарот е изгаснат, нема повредени лица, интервенирале две противпожарни возила.
Пожарот предизвикал голема материјална штета, а причините за избувнување на пожарот засега не се познати.
Екипа на Територијалната противпожарна единица Куманово вчера попладне гаснела и ниска шума, трева и грмушки кај асфалтната база Бетон во близина на село Романовце.