Општина Куманово објави јавен повик за формирање на Иницијативен одбор за конституирање на Локално собрание на млади и е еден од чекорите за формирање на Локалниот младински совет.
Ова тело ќе биде составено од минимум (5) членови, а во истиот може да членуваат претставници на: младински организации, политички подмладоци, ученички и студентски организации и други облици на младинско здружување кои работат и функционираат на територијата на општината. Предложените лица треба да се жители на општина Куманово, на возраст од 15 до 29 години.
Повеќе информации во вестите во 18 и 22 часот.