Жител на Ваксинце удрил во пешак од Куманово
МВР информира дека вчера наутро во 09.30 часот во СВР Куманово било пријавено дека на крстосницата од ул. „Гоце Делчев“ и бул. „Трета македонска ударна бригада“ во Куманово, патничко возило „ауди“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од 69-годишен жител на село Ваксинце, општина Липково, удрило во 62-годишна кумановка.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила жената пешак, констатирани во Ургентен центар Куманово.